Фудбалерите на Воска Спорт го презедоа кормилото на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, после комплетирањето на шестата рунда во шампионатот.
Воска Спорт на домашен терен ја оправда фаворитската улога, совладувајќи го тимот на Победа Ивањевци со 6-4, додека Караорман со минимални 1-0 изгуби на гостувањето кај Сатеска во Волино.
За Воска Спорт прецизни беа Љубен Далчев кој постигна хет трик, Николче Стојковски кој реализираше два голови и Кристијан Петкоски кој еднаш ја погоди мрежата. Погодокот за Сатеска во дуелот со Караорман го постигна Јован Стоески.
- Резултати:
Црно Буки – Искра 3-0
Белица – Стрела Спорт 12-1
Фљамуртари – Лирија Грнчари 3-1
Октиси – Кравари 3-1
Сатеска – Караорман 1-0
Влазними – Новаци 1-1
Македонија Враништа – Преспа 2-0
Воска Спорт – Победа Ивањевци 6-4
Табела: Воска 16 бодови, Караорман 15, Новаци 14, Кравари 13, Црно Буки 12, Влазними 10, Преспа 9, Македонија Враништа 8, Октиси 7, Победа Ивањевци 7, Сатеска 6, Фљамуртари 6, Белица 5, Лирија Грнчари 4, Искра 4, Стрела Спорт 1
OhridNews