Ситуацијата на врвот од табелата во Третата македонска фудбалска лига не се промени по одигрувањето на 11-та рунда од шампионатот.
Дербито на водечките Лабуништа и Охрид на Атина Бојаџи заврши без голови и без победник.
Ремито на двете екипи не го искористија Кравари и Струга Трм Лум кои ремизираа со идентични 2-2 против Кораб односно Караорман.
Резултати: Кравари – Кораб 2-2, Пролетер – Преспа 2-2, Могила – Сатеска 2-1, Струга Трим Лум – Караорман 2-2, Влазними – Лирија 2-1, Охрид – Лабуништа 0-0, Фљамуртари – Велешта.
Табела: Лабуништа 23, Охрид 22, Кравари 21, Струга Трим Лум 21, Кораб 16, Пролетер 16, Влазними 14, Лирија 14, Преспа 13, Велешта 13 (-1), Фљамуртари 12 (-1), Караорман 12, Сатеска 9, Могила 6.
OhridNews