Викендов со натпреварите од првата рунда стартуваат возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион.
Фудбалот во Охрид по подолго време во третолигашкото друштво ќе има три свои преставници Охрид, Воска и Сатеска.
Охрид и Воска на гостински терен против Преспа односно Влазними ќе ги започнат мечевите, додека Сатеска на домашен терен го пречекува составот на Караорман.
Мечевите се играат в недела со почеток во 16 часот и 30 минути.
Двојки: Велешта – Фљамуртари, Сатеска – Лакочереј Струга (Караорман), Кравари – Лирија, Баир Кркадаш – Кораб, Могила – Октиси, Влазними – Воска, Преспа – Охрид.
OhridNews