Екипата на Сатеска од Волино ја забележа првата победа во пролетната полусезона совладувајќи го Фљамуртари со 2-1 во 15-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.


До трите значајни бодови во трката за опстанок фудбалерите на Сатеска стигнаа во финишот од натпреварот. Претходно домашните фудбалери имаа водство 1-0, но гостите успеаја да го изедначат резултатот.


Охрид, пак, ниту во вториот натпревар од пролетната полусезона не се израдува на победа, откако изгуби на гостувањето кај Преспа 3-2. Петтиот пораз на охридските бели сезонава ги спушти на петтата позиција со четири бодови негатива од лидерот Струга Триум Лум кој убедливо (5-1) славеше на гостувањето кај Пролетер.

Резултати: Могила – Кораб 1-1, Пролетер – Струга Трим Лум 1-5, Кравари – Влазними 3-0, Преспа – Охрид 3-2, Сатеска – Фљамуртари 2-1, Караорман – Велешта 3-2, Лирија – Лабуништа 1-1.

Табела: Струга Трим Лум 30, Кравари 28, Лабуништа 27, Кораб 26, Охрид 26, Фљамуртари 21, Лирија 21, Преспа 20, Влазними 19, Караорман 16, Велешта 16, Пролетер 16, Сатеска 13, Могила 12.

Двојки 16.коло: Кораб – Лирија, Лабуништа – Караорман, Велешта – Сатеска, Фљамуртари – Преспа, Охрид – Кравари, Влазними – Пролетер, Струга Трим Лум – Могила.

Фото: Архива
OhridNews