Фудбалерите на Сатеска во 4-та рунда ја забележаа првата во новата сезона во Третата македонска фудбалска лига совладувајќи го на домашен терен составот на Кравари со 5-1.

Победата на Сатеска вреди многу повеќе од три бодови, бидејќи е извојуван против ривал кој до сега немаше претрпено пораз и значајна за самодовербата на фудбалерите за следните мечеви. 

На триумф во 4-та рунда се израдува и тимот на Охрид. „Белите“ целиот плен го освоија на гостувањето кај Октиси победувајќи со 2-0. Нов пораз доживеа Воска, која со 3-1 изгуби од Фљамуртари во Радолишта.

Највисока победа во 4-та рунда славеше составот на Караорман, кој пред своите гледачи со 6-1 го совлада тимот на Могила.

Двојки 4.коло: Фљамуртари – Воска 3-1, Октиси – Охрид 0-2, Кораб – Преспа 3-0, Лирија – Влазними 2-0, Караорман – Могила 6-1, Велешта – Баир Кркардаш 5-1, Сатеска – Кравари 5-1.

Табела: Кораб 12, Фљамуртари 12, Караорман 10, Кравари 7, Охрид 6, Лирија 6, Велешта 6, Октиси 5, Преспа 4, Влазними 4, Сатеска 3, Воска 3, Могила 3, Баир Кркардаш 0.

Двојки 5.коло: Кравари – Фљамуртари, Баир Кркардаш – Сатеска, Могила – Велешта, Влазними – Караорман, Преспа – Лирија, Охрид – Кораб, Воска – Октиси.

OhridNews