Екипите на Охрид Лихнидос и Лакочереј со победи, а Сатеска со пораз ги завршија натпреварите во есенската полусезона од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Охридските фудбалери на домашен терен со 5-2 ја совладаа Лирија од Заграчани, додека Лакочереј со 3-1 славеше над Велешта. Сатеска во Струга претрпе убедлив пораз од Караорман 8-2.

Со триумфот и трите бодови Охрид се одлепи 15 бодови од второпласираната Велешта, Лакочереј бодовно се доближи до екипите од средината од табелата, додека Сатеска остана со 17 поени.

Резултати: Влазними – Црно Буки 1-1, Фљамуртари – Лирија Грнчари 2-2, Лакочереј – Велешта 3-1, Охрид Лихнидос – Лирија Заграчани 5-2, Преспа – Кравари 1-2, Новаци – Октиси 5-2, Караорман – Сатеска 8-2

Табела: Охрид 37, Велешта 22, Лирија Грнчари 22, Влазними 21, Црно Буки 21, Преспа 18, Караорман 20, Кравари 19, Лирија Заграчани 18, Сатеска 17, Октиси 15, Лакочереј 13, Новаци 12, Фљамуртари 8.

OhridNews