Екипата на Сатеска која се натпреварува во Третата фудбалска лига југо-запад го назначи Цвете Делиоски за нов тренер. 

Новиот стратег на составот од Волино официјално ќе дебитира следниот викенд во дербито со Охрид на Атина Бојаџи кое ќе означи почетокот на пролетната полусезона во Третата лига.

Делиоски и Сатеска ќе имаат задача да обезбедат опстанок во третолигашкото друштво. „Црвените“ есенскиот дел од првенството го завршија на претпоследната позоција со 12 бодови.

Првиот меч меѓу Сатеска и Охрид минатата полусезона заврши корист на „белите“ кои со 4-1 славеа на гостински терен.

OhridNews