Фудбалерите на Сатеска, запишаа нови три бодови на табелата во третолигашката конкуренција совладувајќи го последнопласираниот тим Стрела Спорт со 3-0, додека Дебрца изгуби на гостување кај Новаци со 4-1 во шестата рунда од шампионатот.
„Црвените“ од Волино вториот триумф сезонава го најавија со погодокот во 13-та минута на Илче Попоски. Сите дилеми околу победникот домаќините ги решија во вториот дел со двата голови на Никола Шекуткоски.
Екипата на Дебрца на гостувањето во Новаци го претрпе вториот пораз о серија. Новаци со гол уште во 4-та минута го скрши отпорот на гостите а потоа со нови три голови се одлепи на недостижни 4-0. Во финишот, Дебрца постигна почесен погодок за конечни 4-1.
Резултати:
Караорман – Македонија 5-2
Сатеска – Стрела Спорт 3-0
Кравари – Влазними 4-1
Новаци – Дебрца 4-1
Велешта – Фљамуртари 2-1
Преспа – Црно Буки 6-0
Октиси – Лирија Грнчари 2-1
Табела: Велешта 15, Црно Буки 12, Фљамуртари 12, Влазними 10, Лирија Грнчари 10, Преспа 10, Кравари 9, Октиси 9, Новаци 7, Караорман 7, Сатеска 7, Дебрца 5, Македонија 4, Стрела Спорт 4
OhridNews