Десеттата рунда во Третата македонска фудбалска лига ќе донесе ново Општинско дерби. На „Ѓоргов мост“ силите ќе ги одмерат Сатеска и Воска.
Сатеска во деветтото коло ремизираше со Охрид 2-2 на „Атина Бојаџи“, а сега на ред е пресметката со Воска, која сезонава влезе во третолигашката елита.
Охридските бели, пак, бодови ќе бркаат на гостинските терен кај тимот на Кравари кој е верна сенка на водечката тројка на табелата.
Дел од мечевите ќе се одиграат в сабота, дел во недела, а ќе се комплетира во вторник со дуелот во Струга помеѓу Караорман – Кораб.
Двојки: Фљамуртари – Лирија, Караорман – Кораб, Велешта – Октиси, Сатеска – Воска, Кравари – Охрид, Баир Кркардаш – Преспа, Могила – Влазними.
Табела: Кораб 24, Фљамуртари 21, Караорман 20, Кравари 19, Охрид 13, Преспа 13, Велешта 12, Могила 12, Влазними 11, Сатеска 10, Лирија 10, Октиси 8, Воска 4, Баир Кркардаш 0.
OhridNews