Екипите на Сатеска и Охрид на „Ѓоргов мост“ стадионот во Волино ќе го одиграат дербито во 22-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Во втората меѓусебна пресметка сезонава, двете екипи влегуваат со ист број бодови и речиси обезбеден опстанок во третолигашкото друштво.
Натпреварот ќе се одигра в сабота со почеток во 16 и 30 часот, додека преостанатите мечеви вклучувајќи го гостувањето на Воска во Велешта недела во 16 часот и 30 минути.
Двојки: Кравари – Преспа, Сатеска – Охрид, Велешта – Воска, Караорман – Октиси, Лирија – Кораб.
Табела: Кораб 49, Фљамуртари 36, Караорман 35, Преспа 34, Кравари 32, Влазними 30, Сатеска 26, Охрид 26, Лирија 24, Воска 23, Велешта 22, Октиси 19, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews