Претпоследната 12-та рунда во есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига ќе донесе неколку интересни пресметки помеѓу кои е средбата Сатеска – Кораб.
Лидерот на табелата во третолигашкото друштво ќе биде на сериозен тест на „Ѓоргов Мост“ поради добрата игра и форма на Сатеска во последните неколку мечеви.
Кораб со победа или пак бод ќе ја завери титулата во есенскиот дел шампионатот, додека фудбалерите на Сатескс се желни за надигрување со речиси перфектниот состав од Дебар.
Двојки: Фљамуртари – Караорман, Велешта – Лирија, Сатеска – Кораб, Кравари – Октиси, Баир Кркардаш – Воска, Могила – Охрид, Влазними – Преспа.
Табела: Кораб 30, Кравари 25, Фљамуртари 25, Караорман 20, Преспа 19, Сатеска 16, Охрид 16, Могила 15, Лирија 13, Велешта 13, Влазними 12, Октиси 9, Воска 4, Баир Кркардаш 0.
Фото: Архива
OhridNews