Екипата на Сатеска на домашен терен против последнопласираниот на табелата Фљамуртари ќе брка победа и излез од резултатската криза.
Сатеска во осмата рунда од третолигашкото друштво нема право на грешка, бидејќи во претходните три натпревари не успеа да прокнижи ниту еден бод. Серијата лоши резултати Сатеска ја пресели во долниот дел од табелата кој не е посакуван помеѓу екипите.
Во осмото коло водечкиот Охрид гостува кај тимот на Новаци во меч кој ќе се одигра в сабота, а Лакочереј ќе ги одмери силите со Караорман во Струга.
Двојки 8.коло: Новаци – Охрид, Црно Буки – Преспа, Караорман – Лакочереј, Сатеска – Фљамуртари, Октиси – Влазними, Кравари – Лирија Грнчари, Лирија Заграчани – Велешта
Табела: Охрид 21, Лирија Грнчари 15, Велешта 13, Влазними 11, Караорман 11, Црно Буки 10, Новаци 9, Кравари 9, Лирија Заграчани 9, Лакочереј 9, Преспа 8, Сатеска 7, Октиси 6, Фљамуртари 4.
OhridNews