Екипите на Сатеска и Охрид Лихнидос ги освоија бодови во дерби пресметките во рамките од деветтата рунда во Третата македонската фудбалска лига. Сатеска со минимални 1-0 славеше над Лакочереј во локалното дерби, додека водечката екипа на табелата Охрид Лихнидос со 3-0 го совлада Караорман.

Фудбалерите на Сатеска со трите бодови се искачија на средината од табелата, а охридските бели се зацврстија на врвот со девет бодови предност во однос на второпласираната Лирија Грнчари.

Резултати: Велешта – Црно Буки 1-2, Лирија Грнчари – Лирија Заграчани 4-0, Влазними – Кравари 2-1, Фљамуртари – Октиси 3-2, Лакочереј – Сатеска 0-1, Охрид Лихнидос – Караорман 3-0, Преспа – Новаци 3-1.

Табела: Охрид Лихнидос 27, Лирија Грнчари 18, Велешта 16, Караорман 14, Влазними 14, Црно Буки 14, Сатеска 13, Кравари 12, Преспа 12, Новаци 9, Октиси 9, Лирија Заграчани 9, Лакочереј 9, Фљамуртари 7

Двојки 10.коло: Црно Буки – Новаци, Караорман – Преспа, Сатеска – Охрид Лихнидос, Октиси – Лакочереј, Кравари – Фљамуртари, Лирија Заграчани – Влазними, Велешта – Лирија Грнчари.

OhridNews