На една рунда до крајот на сезоната екипата на Сатеска обезбеди опстанок во Третата македонска фудбалска и покрај високиот пораз (4-0) од лидерот на табелата, Струга Трим Лум.
Фудбалерите на Сатеска сиот свој потенцијал го покажаа во втората полусезона освојувајќи 17 бодови, откако во првата прокнижија само 9.
Тимот на Охрид со убедлив триумф над Лирија (5-1) ги заокружи мечевите на домашен терен и ја прескокна Преспа на табелата која изгуби од Могила 2-1.
Резултати: Велешта – Кораб 6-3, Фљамуртари – Лабуништа 2-3, Охрид – Лирија 5-1, Влазними – Караорман 3-3, Струга Трим Лум – Сатеска 4-0, Могила – Преспа 2-1, Пролетер – Кравари 1-1.
Табела: Струга Трим Лум 56, Лабуништа 53, Кораб 49, Кравари 41, Охрид 37, Преспа 35, Лирија 31, Влазними 29, Велешта 29, Фљамуртари 28, Сатеска 28, Могила 27, Караорман 24, Пролетер 22.
OhridNews