Фудбалерите на Лакочереј освоија многу важни бодови во 23-та рунда од Третата македонска фудбалска лига совладувајќи го Октиси со 5-1 на домашен терен, додека Охрид лесно ја реши Сатеска со 4-1 во локалното дерби.
Лакочереј, победата ја најави со головите на Кристијан Петкоски во првата и Роберт Усеинов во седмата минута од натпреварот. Во 33-та минута веќе беше 3-0 за домаќините, а стелец на голот беше Албнор Каба, а две минути подоцна Мартин Нически зголеми на 4-0. Во 66-та минута гостите преку Љубен Далчев го постигнаа почесниот погодок, а убедливата победа на Лакочареј ја заокружи Петкоски во 69-та минута со вториот гол натпреварот.
Екипата на Охрид постигна по два голови во двете полувремиња и забележа лесна и убедлива победа против Сатеска. Во првиот дел прецизно стрелаа Томче Речкоски и Ромео Кочоски, a во второто полувреме мрежата ја погодија Боби Танески и Никола Секулоски. Стрелец на единствениот погодок за Сатеска беше Димитар Скепароски.
Резултати: Новаци – Црно Буки 2-1, Преспа – Караорман 3-1, Охрид – Сатеска 4-1, Лакочереј – Октиси 5-1, Фљамуртари – Кравари 3-1, Влазними – Лирија Заграчани, Лирија Грнчари – Велешта 3-0.
Табела: Охрид 52, Влазними 37, Црно Буки 36, Лирија Грнчари 33, Фљамуртари 32, Велешта 31, Лакочереј 31, Караорман 30, Кравари 30, Сатеска 29, Преспа 27, Лирија Заграчани 18, Октиси 18
OhridNews