Екипата на Сатеска забележа значајна победа на домашен терен совладувајќи го Караорман (3-1), наспроти Охрид кој претрпе пораз (6-2) во дербито со Струга Трим Лум во 19-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.


Со трите бодови фудбалерите на Сатеска се одлепија од опасната зона на табелата и можат помирно да ги пречекаат натпреварите кои следуваат во третолигашката конкуренција.


Охридските бели после поразот од лидерот на табелата заостанува девет бодови и полека го губи чекорот во трката за пласман на првите позиции во лигата.

Двојки: Влазними – Кораб 1-2, Струга Трим Лум – Охрид 6-2, Могила – Фљамуртари 6-1, Пролетер – Велешта 2-2, Кравари – Лабуништа 2-3, Преспа – Лирија 3-2, Сатеска – Караорман 3-1.

Табела: Струга Трим Лум 40, Лабуништа 39, Кораб 36, Кравари 35, Охрид 31, Преспа 29, Лирија 27, Фљамуртари 24, Влазними 22, Сатеска 19, Пролетер 18, Могила 17, Велешта 17, Караорман 16.

OhridNews