Тимот на Вулкан со 11 бодови по 18 одиграни натпревари е закован на дното на табелата и само теоријата го спасува од испаѓање од Третата фудбалска лига.
До крајот на првенството остануваат уште четири натпревари, на Вулкан му се потребни исто толку победи, а Влазними, кој се наоѓа на последната сигурна позиција да ги загуби сите мечеви.
На првото место од табелата се наоѓа екипата на Велешта, која има пет бодови предност пред второпласираната Преспа.
Двојки : Лабуништа – Фљамуртари, Караорман – Лисолај, Вулкан – Новаци, Кравари – Преспа, Лирија – Влазними, Велешта – Кораб.
Табела : Велешта 41, Преспа 36, Лисолај 29, Кравари 29, Кораб 28, Лабуништа 28, Новаци 26, Караорман 25, Фљамуртари 24, Влазними 22, Лирија 14, Вулкан 11.
Мх.П.