Дисциплинската комисија од Третата фудбалска лига изрече ригорозна казна за екипата на Вулкан за немилите сцени на мечевите против Преспа и Кораб пред своите гледачи vo 9-та односни 11-та рунда.


– Врз основа на член 121/ точка А, Б и В , од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, Дисциплинскиот комесар постапувајќи по пријавата на Комесарот за натпревари на 3мфл-југозапад, против ФК Вулкан од с.Косел, а врз основа на член 48, 49 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, на седницата одржана на ден 16.11.2014 година донесе:

Одлука :

1. ФК Вулкан од с.Косел, се казнува со дисциплинска мерка: забрана на одигрување од 2 (два) натпревари на свој терен и парична казна од 100 еура во денарска проту вредност.

2. ФК Вулкан од с.Косел натпреварите ќе ги иигра на терен оддалечен 50 километри од село Косел, на терен каде што се играаат натпревари од 3мфл или повисок ранг.

3. Казната тече од 03.11.2014 година, истата да се измири од котизацијата.

Исто така дисциплинската комисија на Третата МФЛ прекинатиот меч меѓу Караорман и Влазними го регистрираше со службена победа за домаќинот 3-0.

 

Ohridnews