Без победник (2-2) заврши пресметката помеѓу Охрид и Сатеска на „Атина Бојаџи“ во рамките од деветата рунда во Третата македонска фудбалска лига.
Двете екипи имаа по едно водство во текот на мечот. „Црвените“ од Волино водеа со 1-0, додека охридските бели имаа предност 2-1 и кога ќе се сумира се поделбата на бодовите беше најреален исход.
По одигрувањето на деветтата рунда Кораб осамен е на врвот, откако победи на домашен терен против Лирија 4-0, а конкурентот Фљамуртари изгуби од Могила 2-0.
Резултати: Могила – Фљамуртари 0-2, Влазними – Баир Кркардаш 6-2, Преспа – Кравари 2-1, Охрид – Сатеска 2-2, Воска – Велешта 3-6, Октиси – Караорман 1-3, Кораб – Лирија 4-0.
Табела: Кораб 24, Фљамуртари 21, Караорман 20, Кравари 19, Охрид 13, Преспа 13, Велешта 12, Могила 12, Влазними 11, Сатеска 10, Октиси 8, Лирија 7, Воска 4, Баир Кркардаш 0.
Фото: Архива
OhridNews