Екипата на Воска ги запиша првите бодови во втората полусезона во Третата лига победувајќи го Охрид (2-0) во дербито, додека Сатеска во 16-та рунда на гостински терен претрпе минимален пораз од Фљамуртари (2-1).
Со победата над Охрид фудбалерите на Воска се искачија едно место на табелата и опстанокот изгледа реалност, а Сатеска и покрај пораз ќе остане во горниот дел од табелата.
Тимот на Преспа ја одбрани гостинската чест во 16-та рунда совладувајќи го Октиси со 1-0. На останатите мечеви домаќините се радуваа на победите.
Резултати: Фљамуртари – Сатеска 2-1, Велешта – Кравари 2-1, Кораб – Влазними 3-1, Октиси – Преспа 0-1, Воска – Охрид 2-0.
Табела: Кораб 39, Фљамуртари 32, Преспа 31, Кравари 29, Караорман 28, Сатеска 25, Влазними 19, Охрид 19, Велешта 19, Лирија 16, Воска 14, Октиси 12, Баир Кркардаш, Могила.
Двојки 17.коло: Воска – Фљамуртари, Охрид – Октиси, Преспа – Кораб, Влазними – Лирија, Кравари – Сатеска.
OhridNews