Екипите на Сатеска и Дебрца ги запишаа првите бодови на табелата во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Фудбалерите на Сатеска, на домашен терен, со минимални 1-0 го совладаа составот на Црно Буки. Мечот во Волино кој го реши Никола Скепароски го одбележа инцидентот помеѓу публиката и полицијата, кој резултираше со приведување на дел од фудбалерите на Сатеска и протести пред СВР Охрид.

Дебрца, до првиот бод стигна после ремито со Стрела Спорт на гостински терен. Составот на Дебрца во два наврати имаше водство 1-0 и 2-1, но домаќините успеаја да ја стигнат негативата и да избегнат пораз.

Резултати: Караорман – Влазними 1-3, Стрела Спорт – Дебрца 2-2, Македонија – Фљамуртари 1-4, Сатеска – Црно Буки 1-0, Кравари – Лирија Грнчари, Новаци – Октиси 4-1, Велешта – Преспа 2-0.

Табела: Фљамуртари 6, Влазними 6, Велешта 6, Лирија Грначари, Црно Буки, Новаци 3, Преспа 3, Сатеска 3, Октиси 3, Дебрца 1, Стрела Спорт 1, Кравари 0, Караорман 0, Македонија 0

OhridNews