Охридските бели во 4-та рунда од Третата лига против Пролетер имаат втора шанса за домашни бодови откако во премиерниот натпревар на Атина Бојаџи претрпеа пораз (3-2) од Преспа.


Досегашните две победи во Третата лига, фудбалерите на Охрид ги остварија на гостински терен, а сите во клубот со нетрпение ја очекуваат победата на домашен терен.

Двојки 4.коло: Кораб – Струга Трим Лум, Влазними – Могила, Охрид – Пролетер, Фљамуртари – Кравари, Велешта – Преспа, Лабуништа – Сатеска, Лирија – Караорман.

Табела: Лабуништа 9, Струга Трим Лум 7, Фљамуртари 6, Охрид 6, Влазними 6, Преспа 6, Пролетер 6, Велешта 6, Кораб 4, Сатеска 3, Кравари 1, Лирија 1, Могила 0, Караорман 0.

OhridNews