Охрид Лоте полека но сигурно чекори во втората македонска фудбалска лига. “Градежниците“ прокнижија три бода на тешкото гостување во Демир Хисар кај  Вардино победувајќи со 3-1. Митрески во првото полувреме ја затресе противничката мрежата додека во второто беа прецизни Бочески и Димоски.

Лидерот на табелата Караорман со лесни 3-0 го совлада Мирче Ацев. Далчевски на два пати, и еднаш Келешоски стрелаа за “паткарите“.

Резултати 29-то коло:

Велешта – Добрушево 3-0, Порече – Фљамуртари  2-0 64 мин. прекин, Вардино – Охрид Лоте  1-3, Преспа – Подмочани  3-1, Кораби – Фаланга   4-1, Караорман – М. Ацев 3-0, Питу Гули – Младост (неодиграна),

Слободни  во 29-то коло беа Кравари  и Работник.

Табела: Караорман 73, Охрид Лоте 68 (-2)…

Мх.П.