Екипата на Преспа во 20-та рунда успеа да ја намали негативата од пет на три поени од лидерот на табелата во Третата лига, Велешта.
Преспа со 3-0 пред своите гледачи славеше против Вулкан додека Велешта ремизираше без голови на гостувањето кај Фљамуртари.
Во преостанатите два натпревари од шампионатот ќе се решава патникот во баражот за влез во Втората лига.
Резултати : Новаци – Караорман 4-2, Фљамуртари – Велешта 0-0, Кораб – Лирија 3-0, Влазними – Кравари 3-0, Преспа – Вулкан 3-0, Лисолај – Лабуништа 4-2.
Табела : Велешта 45, Преспа 42, Лисолај 32, Новаци 32, Кораб 31, Кравари 29, Караорман 28, Фљамуртари 28, Лабуништа 28, Влазними 25, Лирија 17, Вулкан 11.
Мх.П.