Фудбалерите на Преспа го освоија целиот плен во Охрид победувајќи го домашниот состав со 3-2 во втората рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Поразот на Охрид пред своите гледачи е неочекуван, откако во премиерниот натпревар на гостински терен ја совладаа Сатеска со убедливи 4-1.
Преспа имаше водство 2-0, но охридските бели се вратија во игра изедначувајќи 2-2, но гостите со нов гол во финишот од мечот стигнаа до трите бодови, први сезонава.
Резултати: Лабуништа – Лирија 5-0, Кораб – Могила 2-1, Струга Трим Лум – Пролетер 4-0, Влазними – Кравари 2-0, Охрид – Преспа 2-3, Фљамуртари – Сатеска 5-1, Велешта – Караорман 4-3.
Табела: Лабуништа 6, Фљамуртари 6, Велешта 6, Влазними 6, Струга Трим Лум 3 (-1), Охрид 3, Преспа 3, Пролетер 3, Кораб 3, Кравари 0 (-1), Караорман 0, Могила 0, Сатеска 0, Лирија 0.
Двојки 3.коло: Лирија – Кораб, Караорман – Лабуништа, Сатеска – Велешта, Преспа – Фљамуртари, Кравари – Охрид, Пролетер – Влазними, Могила – Струга Трим Лум.
Фото: Архива
OhridNews