Натпреварот Преспа – Борец не го дочека својот крај откако домашните фудбалери го нападнаа главниот судија Негриески при резултат 0-2 за гостите. Натпреварот кој до тој момент бил фер и коректен се очекува да биде регистираран со службени 3-0 за Борец.

Уште еден натпревар беше прекинат и тоа во Крушево, каде при резултат 3-1 за Питу Гули против Работник публиката влега во теренот.

По превземањето на Третата МФЛ од страна на охридскиот општински фудбалски сојуз по 11 одиграни кола ова се првите посериозни инциденти.

ohridnews