Натпреварот во Ресен помеѓу Преспа и Дебрца од осмата рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад не го дочека својот крај откако беше прекинат во 55-та минута при резултат 4-0 за домашниот состав.
Причините за прекинот е недоволниот број на фудбалери на теренот во екипата на Дебрца. Во 38-та минута, Филип Карафилоски доби црвен картон за неспортско однесување, а до крајот на првиот дел и почетокот на вториот екипата на Дебрца загуби уште тројца фудбалери поради повреди. Со седум играчи во поле мечот автоматски се прекинува и се запишуа со тековниот резултат. Тимот на Дебрца најави жалба за судењето на битолска тројка предводена од Дарко Котевски.
Сатеска на гостувањето во Струга кај Караорман претрпе пораз 2-0. Фудбалерите на Караорман постигнаа по еден погодок во двете полувремиња и ги осигураа бодовите.
Резултати:
Караорман – Сатеска 2-0
Кравари – Македонија 0-1
Новаци – Стрела Спорт 6-0
Велешта – Влазними 5-0
Преспа – Дебрца 4-0
Октиси – Фљамуртари 2-2
Лирија Грнчари – Црно Буки 1-0
Табела: Велешта 21, Лирија Грнчари 16, Фљамуртари 16, Црно Буки 15, Преспа 13, Влазними 13, Кравари 12, Новаци 10, Караорман 10, Сатеска 10, Октиси 10, Македонија 7, Дебрца 5, Стрела Спорт 4
OhridNews