Нема непоразени екипи во Третата македонска фудбалска лига, откако Сатеска на домашен терен го совлада тимот на Струга Трим Лум со 2-1 во 12-та рунда од првенството.
Пораз во 12-то коло претрпе и Охрид кој изгуби 4-2 од Лирија. Киксовите на Охрид и Трим Лум ги искористи Кравари кој со триумф над Пролетер (7-2) се проби на втората позиција на табелата.
Врвот со минимален триумф на домашен терен против Фљамуртари (1-0) го зачува Лабуништа и со два бодови предност ќе стартува во последната рунда од есенската полусезона.
Резултати: Кораб – Велешта 6-2, Лабуништа – Фљамуратари 1-0, Лирија – Охрид 4-2, Караорман – Влазними 2-2, Сатеска – Струга Трим Лум 2-1, Преспа – Могила 1-0, Кравари – Пролетер 7-2.
Табела: Лабуништа 26, Кравари 24, Охрид 22, Струга Трим Лум 21, Кораб 19, Лирија 17, Преспа 16, Пролетер 16, Фљамуртари 15, Влазними 15, Караорман 13, Велешта 13, Сатеска 12, Могила 6.
Двојки 13.коло: Пролетер – Кораб, Могила – Кравари, Струга Трим Лум – Преспа, Влазними – Сатеска, Охрид – Караорман, Фљамуртари – Лирија, Велешта – Лабуништа.
Фото: Архива
OhridNews