Фудбалерите на Охрид со пораз од Преспа 2-1 на домашен терен ги започнаа мечевите од втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
До победата гостите од Ресен стигнаа со погодок од пенал во 85-та минута од натпреварот. Ударот од белата точка во гол вреден три бодови го претвори капитенот Нико Пластиноски. Претходно, Преспа поведе во 35-та минута преку Никола Јованоски, а егал на мечот донесе Кипријан Петрески.
Преспа со трите бодови од Охрид се искачи во горниот дел од табелата, додека Охрид и покрај поразот ќе остане на седмата позиција со изгледни шанси за опстанок во третолигашкото друштво.
Во втората рунда од пролетната полусезона Охрид на домашен терен ќе го пречекат составот на Фљамуртари.
OhridNews