Второпласираниот Новаци и третопласираната Лабуништа претрпеа минимални порази во 18-та рунда од екипите на Фљамуртари (1-0) односно Караорман (3-2).


Со поразот во дерби средбата Новаци направи чекор назад во трката со Велешта за првата позиција која не го одигра мечот со Лисолај на домашен терен.

Резултати: Влазними – Лирија 4-0, Караорман – Лабуништа 3-2, Поешево – Кораб 4-3, Фљамуртари – Новаци 1-0, Велешта – Лисолај, Преспа – Кравари 4-0.

Табела: Велешта 36 (-1), Новаци 35, Лабуништа 32, Лисолај 31 (-1), Фљамуртари 30, Преспа 28, Кравари 26, Влазними 22, Кораб 22, Караорман 21, Лирија 16, Поешево 8.

OhridNews