Фудбалерите на Сатеска претрпеа пораз на гостувањето во Ресен од тимот на Преспа (2-0) во 21-та рунда во Третата македонска фудбалска лига.
Вкупно 13-от пораз сезонава во третолигашкото друштво ги смести во опасната зона, односно на претпоследната позиција на табелата.
Лидерот на табелата, Струга Трим Лум во пресрет на дербито во 22-та рунда во Лабуништа ја зголеми предноста три бодови. Стружани победија на домашен терен против Велешта 6-3, додека фудбалерите Лабуништа ремизираа 2-2 со Могила покрај водството од 2-0.
Двојки: Охрид – Кораб 2-3, Влазними – Фљамуртари 2-1, Струга Трим Лум – Велешта 6-3, Могила – Лабуништа 2-2, Пролетер – Лирија 4-3, Кравари – Караорман 1-1, Преспа – Сатеска 2-0.
Табела: Струга Трим Лум 46, Лабуништа 43, Кораб 42, Кравари 37, Преспа 32, Охрид 31, Лирија 28, Влазними 28, Фљамуртари 24, Велешта 22, Пролетер 21, Караорман 20, Сатеска 19, Могила 18.
Трета МФЛ: Кораб ги однесе бодовите од Охрид (фото)
OhridNews