Шампионот во охридската Општинска фудбалска лига, Лакочереј уште во првата рунда ги заврши бараж мечевите за Третата лига претрпувајќи пораз од Поешево 1-0.
Поешево водечкиот погодок го постигнаа во првиот дел, а фудбалерите на Лакочереј во продолжението не успеаја да ја надохнадат негатива што значеше елиминација.
Поешево во финалниот натпревар ќе се сретне со тимот на Корошишта, кој после изведувањето на пеналите го елиминираше Јилдирим Спор 5-4 (1-1).
Општинската лига од охридскиот регион во името на Сатеска има уште еден преставник, а во втората рунда ги очекува меч со Пролетер.
Мх.П.