Екипите на Воска Спорт и Сатеска забележаа нови победи во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, совладувајќи ги ривалите во 16-та рунда од шампионатот.
Воска Спорт славеше на гостински терен кај Октиси со 3-1, додека „црвените“ од Волино на домашен терен го совладаа тимот на Македонија од Враништа.
Со новите три бодови Воска Спорт направи уште еден чекор напред кон шампионската титула во Третата лига, а Сатеска се проби на средината од табелата.
- Резултати:
Црно Буки – Влазними 5-3
Сатеска – Македонија Враништа 2-0
Октиси – Воска Спорт 2-3
Белица – Преспа 0-4
Искра – Новаци 1-3
Стрела Спорт – Караорман 0-1
Лирија Грнчари – Кравари 4-1
Табела: Воска Спорт 44, Караорман 36, Црно Буки 33, Новаци 31, Преспа 27, Влазними 26, Кравари 26, Сатеска 24, Октиси 22, Македонија Враништа 18, Искра 17, Лирија Грнчари 16, Белица 14, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 5, Фљамуртари откажан.
OhridNews