Битката за првата позиција на табелата во Третата македонска фудбалска лига, помеѓу Воска Спорт и Караорман продолжува со несмален интензитет.
Двете екипи успешно ги завршја обврските во седмата рунда. Воска Спорт славеше во Ресен кај Преспа со 3-1, додека Караорман со 2-0 го совлада градскиот ривал Влазними.
Од трката за првата позиција никако не смеат да се отпишат битолските екипи, Новаци и Кравари. Двата состави победија во седмата рунда и им дишат во врат на водечките.
- Резултати:
Победа Ивањевци – Црно Буки 0-3
Преспа – Воска Спорт 1-3
Новаци – Македонија Враништа 3-1
Караорман – Влазними 2-0
Кравари – Сатеска 1-0
Лирија Грнчари – Октиси Спорт 1-2
Стрела Спорт – Фљамуртари 1-0
Искра – Белица 2-0
Табела: Воска 19 бодови, Караорман 18, Новаци 17, Кравари 16, Црно Буки 15, Влазними 10, Октиси 10, Преспа 9, Македонија Враништа 8, Победа Ивањевци 7, Искра 7, Сатеска 6, Фљамуртари 6, Белица 5, Лирија Грнчари 4, Стрела Спорт 4
OhridNews