Екипите на Охрид, Воска и Сатеска со победи ги завршија натпреварите во есенската полусезона во Третата македонска фудбалска.

Охрид и Воска задачата ја одработија на домашен терен, откако славеа против Влазними 6-2 односно Могила 3-0, додека Сатеска трите бодови ги освои на гостувањето кај Лирија со минимален триумф 2-1.

Тимот на Кораб во дербито на колото го совлада Кравари со убедливи 7-1. Со победата избраниците на Гони Мерко ја зголеми предноста на врвот од табелата и само чудо може да ги спречи од пласман во Втората лига.

Резултати: Преспа – Фљамуртари прекината, Охрид – Влазними 6-2, Воска – Могила 3-0, Октиси – Баир Кркардаш 6-1, Кораб – Кравари 7-1, Лирија – Сатеска 1-2, Караорман – Велешта 5-4.

Табела: Кораб 36, Кравари 28, Фљамуртари 26, Караорман 22, Преспа 19, Сатеска 19, Охрид 19, Могила 18, Велешта 17, Влазними 15, Лирија 13, Октиси 12, Воска 10, Баир Кркардаш 0.

OhridNews