Екипите на Охрид, Сатеска и Лакочереј успешно ги завршија своите обврски на домашен терен во втората рунда од Третата македонска фудбалска лига победувајќи ги Лирија Грнчари (2-0), Октиси (3-0) односно Влазними (1-0).
Охрид со победата над Лирија стигна до шестиот бод на табелата, додека Сатеска и Лакочереј се израдуваа на прва победа сезонава во третолигашкото друштво.
Резултати: Црно Буки – Фљамуртари 2-0, Лакочереј – Влазними 1-0, ГФК Охрид – Лирија Грнчари 2-0, Преспа – Велешта 3-3, Новаци – Лирија Заграчани 5-1, Караорман – Кравари 2-0, Сатеска – Октиси 3-0.
Табела: Охрид 6, Караорман 6, Сатеска 4, Преспа 4, Црно Буки 4, Новаци 3, Влазними 3, Кравари 3, Лакочереј 3, Лирија Грнчари 3, Велешта 1, Октиси 0, Фљамуратари 0, Лирија Заграчани 0.
OhridNews