Екипите на Охрид и Воска освоија значајни три бодови во трката за опстанок во Третата фудбалска лига, победувајќи на домашен терен против Велешта (3-2) односно Караорман (5-2) во 21-та рунда од шампионатот.
Екипата на Воска.
Охридските бели до трите бодови стигнаа со пресврт, откако на полувремето имаа негатива 2-1, додека Воска без поголеми проблеми се справи со струшкиот состав, кој на гостувањето допатува со осум фудбалери.
Тимот на Сатеска на гостувањето во Ресен кај Преспа претрпе убедлив пораз 5-1 и не успеа да го заокружи убавиот исход на охридските екипи во 21-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Резултати: Кораб – Фљамуртари 0-0, Октиси – Лирија 1-1, Воска – Караорман 5-2, Охрид – Велешта 3-2, Преспа – Сатеска 5-1, Влазними – Кравари 4-3.
Табела: Кораб 49, Фљамуртари 36, Караорман 35, Преспа 34, Кравари 32, Влазними 30, Сатеска 26, Охрид 26, Лирија 24, Воска 23, Велешта 22, Октиси 19, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews