Фудбалерите на Охрид и Лакочереј имаа победнички старт на пролетната полусезона во третолигашкото друштво, додека Сатеска изгуби и не може да се пофали со позитивен резултат.

Лидерот на табелата Охрид без поголеми проблеми славеше против Велешта со 5-0 на домашен терен и дополнително ја зголеми бодовната разлика на табелата. Стрелци за Охрид во убедливиот триумф беа Томче Речкоски кој два пати стрелаше прецизно, Наум Вељаноски, Марко Арсенов и Никола Секулоски.

Екипата на Лакочереј благодарание на голот на Симон Маркоски минимално 1-0 го совлада тимот на Лирија Грнчари. Лакочереј стигна до значајни три бодови во трката за опстанок. Сатеска оружјето го положи кај составот на Црно Буки претрпувајќи пораз 2-1. Сатеска водеше 1-0, но домаќините со два погодоци го свртеа резултатот и славеа победа.

Резултати: Новаци – Кравари 1-1, Црно Буки – Сатеска 2-1, Караорман – Октиси 2-1, Преспа – Лирија Заграчани 5-0, Охрид – Велешта 5-0, Лакочереј – Лирија Грнчари 1-0, Фљамуртари – Влазними 1-0

Табела: Охрид 40, Црно Буки 24, Караорман 23, Велешта 22, Лирија Грнчари 22, Влазними 21, Преспа 21,  Кравари 20, Лирија Заграчани 18, Сатеска 17, Лакочереј 16, Октиси 15,  Новаци 13, Фљамуртари 11.

OhridNews

Трета МФЛ: Убедлив триумф за успешен старт на охридските фудбалери