Вулкан со 2-0 ја совлада екипата на Стрела спорт Могила на домашен терен во десеттата рунда од Третата македонска фудбалска лига.


За фудбалерите на Вулкан ова е осма победа во десетиот натпревар сезонава што ги сместува на врвот на табелата со Преспа.

Во 11-та рунда пред Вулкан на домашен терен престои еден од клучните натпревари во првата полусезона и тоа со третопласираниот Младост.

Мх.П.