Фудбалерите на Сатеска ги освоија првите бодови во втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига победувајќи го тимот на Велешта со 1-0, додека Охрид и Воска останаа без бодови после поразите од Фљамуртари (2-0) односно Преспа (4-0).
Погодокот вреден три бода за екипата од Волино го постигна Антонио Крстаноски во првото полувреме. Домашниот состав иако доминираше и створи одлични прилики за втор гол, на крајот мораше да се задоволи со еден постигнат погодок.
Воска на гостувањето кај Преспа капитулираше во вториот дел, откако во првиот домаќините се стекнаа со минимално водство 1-0. Ресенчани со три голови во второто полувреме ја осигураа втората победа сезона. Фљамуртари до бодовите во Охрид стигна со двата голови во првото полувреме и ја продолжи битката за втората позиција на табелата.
Резултати: Охрид – Фљамуртари 0-2, Преспа – Воска 4-0, Сатеска – Велешта 1-0, Кравари – Караорман 2-2, Влазними – Октиси 1-0
Табела: Кораб 36, Фљамуртари 29, Кравари 29, Караорман 28, Преспа 25, Сатеска 25, Влазними 19, Охрид 19, Лирија 16, Велешта 16, Октиси 12, Воска 11, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews