Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос го задржа максималниот ефект и по пет одиграни средби во Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Охридските бели до петтата победа во серија стигнаа со триумфот во дербито со Лакочереј (6-1).

Во прилог на охридскиот фудбалски клуб во петтата рунда отиде поразот на Караорман во Грнчари (2-1) од екипата на Лирија. Второпласирана екипа на табелата е Црно Буки која е следен ривал на охриѓани во третолигашкото друштво.

Во петтата рунда Сатеска не успеа да прокнижи нови бодови, откако претпре пораз 2-0 од тимот на Велешта.

Резултати: Кравари – Црно Буки 0-1, Лирија Заграчани – Октиси, Велешта – Сатеска 2-0, Лирија Грнчари – Караорман 2-1, Влазними – Новаци 2-1, Фљамуртари – Преспа 2-0, Лакочереј – Охрид Лихнидос 1-6

Табела: Охрид 15, Црно Буки 10, Караорман 9, Лирија Грнчари 9, Влазними 7, Сатеска 7, Велешта 7, Новаци 6, Кравари 6, Октиси 6 (-1), Лакочереј 6, Преспа 5, Лирија Заграчни 3 (-1), Фљамуртари 3.

Двојки 6.коло: Црно Буки – Охрид Лихнидос, Преспа – Лакочереј, Новаци – Фљамуртари, Караорман – Влазними, Сатеска – Лирија Грнчари, Октиси – Велешта, Кравари – Лирија Заграчани

OhridNews