Градскиот фудбалски клуб Охрид ја забележа највисоката победа во 11-та рунда од Третата македонска фудбалска совладувајќи го фенерџијата на табелата Баир Кркардаш со 7-0.
Четири од седумте голови за домашните фудбалери постигна Љубчо Далчев. Капитенот во првиот дел го отвори резултатот, а преостанатите три погодоци ги реализираше во вториот дел. Во меѓувреме мрежата на гостите ја погодија Мартин Нически, Осман Рамадан и Александар Бакулески.
Со трите бодови охридските сино-бели се зацврстија на средината од табелата со надеж за искачување неколку места погоре во мечевите кои доаѓаат.
Екипата на Воска на домашен терен претрпе пораз од Кравари 3-1, додека Сатеска на гостински терен го совлада тимот на Октиси.
Резултати: Влазними – Фљамуртари 1-1, Преспа – Могила 2-0, Охрид – Баир Кркардаш 7-0, Воска – Кравари 2-3, Октиси – Сатеска 1-3, Кораб – Велешта 3-0, Лирија – Караорман 5-0.
Табела: Кораб 30, Кравари 25, Фљамуртари 25, Караорман 20, Сатеска 16, Преспа 16, Охрид 16, Могила 15, Лирија 13, Велешта 13, Влазними 12, Октиси 9, Воска 4, Баир Кркардаш 0.
OhridNews