Фудбалерите на Охрид во голем стил ги освоија првите бодови на домашен терен сезонава победувајќи го Пролетер со убедливи 7-1 во четвртата рунда од Третата македонска фудбалска лига.


Охридските бели на Атина Бојаџи го покажаа сиот свој квалитет и потенцијал и го декласираа противникот, за трета радост во Третата лига.

Пораз, после првата победа сезонава претрпе Сатеска на гостувањето кај лидерот Лабуништа со 2-0.

Резултати: Кораб – Струга Трим Лум 0-0, Влазними – Могила 2-1, Охрид – Пролетер 7-1, Фљамуртари – Кравари 0-1, Велешта – Преспа 4-1, Лабуништа – Сатеска 2-0, Лирија – Караорман 3-1.

Табела: Лабуништа 12, Охрид 9, Влазними 9, Велешта 9, Струга Трим Лум 8, Фљамуртари 6, Преспа 6, Пролетер 6, Кораб 5, Кравари 4, Лирија 4, Сатеска 3, Могила 0, Караорман 0.

Фото:Архива
OhridNews