Фудбалерите на Охрид експресно им се вратија на победите совладувајќи го тимот на Фљамуртари со пресврт (3-1) на домашен терен во 9-та рунда од шампионатот.


Гостите од Радолишта поведоа со 1-0, а охридските фудбалери во последните дваесеттина минута успеаја да го свртат резултатот во своја полза.

Охрид и покрај поразот од Кораб со службени 3-0 во осмата рунда одново е во игра за врвот во Третата македонска фудбалска лига.

Без голови и без победник заврши дербито во Струга меѓу истоимената екипа и екипата на Лабуништа.  Домаќините имаа добра прилика за водство, но не успеаја да реализираат удар од белата точка.

Резултати: Преспа – Кораб 3-0, Кравари – Сатеска 3-0, Могила – Лирија 0-1, Струга Трим Лум – Лабуништа 0-0, Влазними – Велешта 1-1, Охрид – Фљамуртари 3-1, Пролетер – Караорман 2-1.

Табела: Лабуништа 19, Струга Трим Лум 19, Охрид 18, Кравари 17, Велешта 13, Лирија 13, Кораб 12, Преспа 12, Фљамуртари 12, Пролетер 12, Влазними 11, Сатеска 9, Караорман 8, Могила 3.

OhridNews