Фудбалерите на Охрид го освоија целиот плен во Могила победувајќи ја истоимената екипа со 3-2 во петтата рунда од Третата македонска фудбалска лига.


Со третиот гостински триумф сезонава, охридските бели се искачија на врвот на табелата искористувајќи го поразот на Лабуништа од Преспа 1-0.

Градската пресметка во Струга, меѓу Трим Лум – Влазними заврши без победник 0-0 додека Сатеска со 4-2 на домашен терен ја совлада екипата на Лирија.

Двојки: Струга Тим Лум – Влазними 0-0, Караорман – Кораб 2-2, Сатеска – Лирија 4-2, Преса – Лабуништа 1-0, Кравари – Велешта 4-0, Пролетер – Фљамуртари 3-0, Могила – Охрид 2-3.

Табела: Охрид 12, Лабуништа 12, Влазними 10, Велешта 9, Струга Трим Лум 9, Преспа 9, Пролетер 9, Кравари 7, Фљамуртари 6, Кораб 6, Сатеска 6, Лирија 4, Караорман 1, Могила 0.

OhridNews