Дербито помеѓу Охрид и Сатеска на „Атина Бојаџи“ е една од поинтересните пресметки во 9-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.

Средбите помеѓу двете екипи секогаш изобилувале со голови, возбудувања и тензии во рамките на дозволеното. Слична таква пресметка се очекува и в недела во 14 часот и 30 минути на „главниот терен“ во Охрид.

Охриѓани имаат 12 бодови и се наоѓаат на петтата позиција на табелата, додека фудбалерите од Волино со три бодови помалку се на седмото место на табелата.

Двојки: Могила – Фљамуртари, Влазними – Баир Кркардаш, Преспа – Кравари, Охрид – Сатеска, Воска – Велешта, Октиси – Караорман, Кораб – Лирија.

Табела: Кораб 21, Фљамуртари 21, Кравари 19, Караорман 17, Охрид 12, Преспа 10, Сатеска 9, Велешта 9, Могила 9, Влазними 8, Октиси 8, Лирија 7, Воска 4, Баир Кркардаш 0.

OhridNews