Екипите на Сатеска и Охрид со меѓусебна пресметка на „Атина Бојаџи“ во 14-та рунда ќе означат почеток на пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Втората епизода од општинското дерби во Третата лига ќе се одигра во сабота место во недела со почеток во 14 часот. Првата средба во која домаќин беше тимот на Сатеска победи Охрид со 4-1.
Фудбалерите наОхрид ја делат втората позиција на табелата со Кравари, а двете екипи заостануваат бод зад лидерот на табелата, Лабуништа.
Двојки 14.коло: Охрид – Сатеска (сабота 14 ч), Кораб – Лабуништа, Фљамуртари – Караорман, Влазними – Преспа, Струга Трим Лум – Кравари, Могила – Пролетер, Велешта – Лирија.
Табела: Лабуништа 26, Кравари 25, Охрид 25, Струга Трим Лум 24, Кораб 22, Фљамуртари 18, Влазними 18, Лирија 17, Преспа 16, Велешта 16, Пролетер 16, Караорман 13, Сатеска 12, Могила 7.
OhridNews