В сабота со почеток во 17 часот на теренот со вештачка трева во Охрид ќе се одигра локалното дерби помеѓу Охрид и Сатеска во рамките од 23-та рунда во Третата македонска фудбалска лига.
Охридските фудбалери го имаат обезбедено првото место и билетот за учество во Втората МФЛ следната сезона и дербито за нив ќе биде само престиж, додека Сатеска се наоѓа во втората половина од табелата и секој бод и е добре дојден.
Во 23-та рунда Лакочереј ќе атакува на нов триумф и три бодови кои ќе го доближат до целта односно опстанок во лигата. Ривал на Лакочереј е последнопласираниот на табелата Октиси.
Двојки: Новаци – Црно Буки, Преспа – Караорман, Охрид – Сатеска, Лакочереј – Октиси, Фљамуртари – Кравари, Влазними – Лирија Заграчани, Лирија Грнчари – Велешта
Табела: Охрид 49, Црно Буки 36, Влазними 34, Велешта 31, Караорман 30, Кравари 30, Лирија Грнчари 30, Сатеска 29, Фљамуртари 29, Лакочереј 28, Преспа 24, Лирија Заграчани 18, Октиси 18