18-та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад ќе ја донесе локалната дерби пресметка помеѓу лидерот на табелата Охрид и тимот на Лакочереј, додека третата екипа од охридскиот фудбалски сојуз Сатеска ќе ги одмери силите со Велешта.
Фудбалерите на Охрид се фаворити, но Лакочереј сигурно има свои мотиви за реванш после поразот 6-1 во дерби средбата од првата полусезона.
Сатеска против Велешта мора да атакува на победа и освојување на целиот плен, бидејќи после поразот од Лирија Заграчани во 17-та рунда се најде во опасната сезона.
Натпреварите се играат в недела во 15 часот и 30 минути.
Двојки 18.рунда: Црно Буки – Кравари, Октиси – Лирија Заграчани, Сатеска – Велешта, Караорман – Лирија Грнчари, Новаци – Влазними, Преспа – Фљамуртари, Охрид – Лакочереј
Табела: Охрид 44, Велешта 28, Караорман 27, Црно Буки 27, Влазними 25, Лирија Грнчари 24, Кравари 24, Преспа 23, Новаци 22, Лакочереј 22, Лирија Заграчани 21, Сатеска 20, Октиси 18, Фљамуртари 17.
OhridNews