Охридските фудбалери на домашен терен ќе го пречекаат Кораб, додека Сатеска гостува во Ресен кај Преспа во вондредното 21 коло во Третата македонска фудбалска лига.


Мечот во Охрид, односно бодовите од дуелот се од исклучително значење за Кораб кој им дише во вратот на водечките екипи на табелата Струга Трим Лум и Лабуништа.

Исто така и Сатеска има своја обврска на гостувањето во Ресен против Преспа, бидејќи само два бодови има позитива од последнопласирната на табелата Могила.

Двојки: Охрид – Кораб, Влазними – Фљамуртари, Струга Трим Лум – Велешта, Могила – Лабуништа, Пролетер – Лирија, Кравари – Караорман, Преспа – Сатеска.

Табела: Струга Трим Лум 43, Лабуништа 42, Кораб 39, Кравари 36, Охрид 31, Преспа 29, Лирија 28, Влазними 25, Фљамуртари 24, Велешта 12, Сатеска 19, Караорман 19, Пролетер 18, Могила 17.

OhridNews